Достапни линкови

СДСМ: Бегството на Груевски од коментар го докажува упадот во правосудството


Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов денеска на прес-конференција изјави дека откако премиерот Груевски не се произнесува со коментари за последниве случување во врска со материјалите и снимките кои ги објавува опозицијата, сето тоа, како што вели Шилегов, потврдило дека Никола Груевски прислушувал во Македонија, заедно со неговиот братучед, директорот на УБК, Сашо Мијалков.

„Груевски потврди дека тој и неговите најблиски соработници направиле упад во правосудството: местеле обвинителско – судски одлуки, избирале и разрешувале судии по партиска подобност. Тоа го говори бегството на Никола Груевски од коментар на скандалозните содржини на прислушуваните разговори.

Тој потенцираше дека вчера јавноста станала сведок кој го урнисал уставниот поредок на Република Македонија а тоа според опозициата тоа се Груевски и неколкумина негови соработници, вели Шилегов.

Од владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ, реагираа дека Зоран Заев и СДСМ со секој нов ден продолжувале со одработување за полза на странските центри, преку објавување на креирани материјали со кој нанесувале директна штета на државните интереси и на граѓаните на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ, вели дека СДСМ била посветена да дојде на власт без програма, проекти и идеи.

Тие додаваат и дека Заев бил човекот кој јавно и соопштил на јавноста дека македонскиот народ треба да ја свитка кичмата, кој по смс пораки ги инфомрирал другите партиски лидери дека на власт ќе го донеле пријателите од странство, кој на премиерот му потврдил дека креираните материјали му се од странски служби и човек кој јавно се заканил дека кога ќе дојде на власт, сите вработени ќе ги заменел со членови на СДСМ.

XS
SM
MD
LG