Достапни линкови

Руски активист бара азил во Украина


Pavel Shekhtman.

Рускиот активист за граѓански права, Павел Шехтман планира да побара политички азил во Украина. Шенкман за Радио Слободна Европа денеска изјави дека побегнал во Украина, откако на 12 февруари во Москва му бил одреден домашен притвор, во очекување на судењето под обвинение за поттикнување на омраза и етнички раздор. Случајот започна во октомври, откако Шектман објави на интернет статии кои ги поддржуваат напорите на Украина повторно да воспостави контрола врз источните делови на земјата, кои се заземени од страна на проруските сепаратисти. Шектман долго време го критикување Кремљ за состојбата околу човековите права во земјата.

XS
SM
MD
LG