Достапни линкови

Притисок врз лидерот на опозицијата во Ерменија


Prosperous Armenia Party leader, Gagik Tsarukian.

Голем број полицијаци се ангажирани да го обезбедат опозицискиот лидер на Ерменија и неговиот имот, откако деновиве беше отпуштен од работа. Прес-службата на Националната полиција на Ерменија денеска потврди дека имало 200 отпуштања во текот на минатата недела. Поддржувачите на Гагик Царукијан и неговата партија за Просперитетна Ерменија велат дека властите почнале кампања да го отстранат Царукијан од политиката, откако претседателот Серж Саркисијан им кажал на лидерите на владејачката Рапубликанска партија дека Царукијан е зло и дека не би требало да му биде дозволено да учествува во политиката. Кратко по изјават на Саркисијан, премиерот Ховик Абрахамјан и наредил на полицијата да спроведе истрага и да ја испитаат можноста дека тој должи големи суми за неплатени даноци. Полицијата рекла дека отпуштањата не се политички мотивирани и дека се дел од тековните реформи во полицијата.

XS
SM
MD
LG