Достапни линкови

Тројца загинати во рудник во Киргистан


Тројца жители на Киргистан загинаа во напуштен рудинк на злато во јужната провинција Џалал-Абад. Портпаролот на регионалната полициска станица во Џалал Абад, за Радио Слободна Европа изјави дека несреќата се случила во регионот Чаткаи Дистрикт. Пет жители од селото Терек-Саи влегле во рудиникот на 14 февруари и отишле околу 1000 метри под земја, во обид да најдат злато. Тие почнале да се чувствуваат лошо поради заробените гасови во рудникот и се обиделе да го напуштат рудникот. Трите жртви наводно умреле од турње од гас. Сиромашните луѓе во руралните делови на Киргистан, често се обидуваат да влезат во напуштени рудници за да собираат злато или други ресурси.

XS
SM
MD
LG