Достапни линкови

logo-print

300 илјади Украинци побарале азил во Русија


People gather outside an office of the Russian federal migration service.

People gather outside an office of the Russian federal migration service.

Претставник на руската Федерална служба за миграција, вели дека скоро 300 илјади украински граѓани побарале од Русија привремен азил или статус на бегалец. Шефот на Одделот за натурализација, Валентина Казакова рече дека 260 илјади украински граѓани веќе имаат добиено или азил или статус на бегалец. Не е можно да се проверат податоците на руската влада и украинската влада не ги коментираше бројките. Казакова додаде дека повеќе од 900 илјади бегалци кои избегаа од вопениет конфликт меѓу Украина и проруските сепаратисти во источна Украина, моментално се во Русија. Според Казакова, околу 70 илјади Украинци аплицирале за руско државјанство во 2014 година. Таа одби да коментира дали поранешниот украински претседател Виктор Јанукович аплицирал за руско државјанство, велејќи дека законот не дозволува да се разговара за лични податоци.

XS
SM
MD
LG