Достапни линкови

Борбите во Украина продолжуваат и покрај договорот во Минск


Киев соопшти дека врз Украинските сили било пукано 112 пати од страна на проруските сепаратисти во последните 24 часа, и покрај договорот за прекин на огнот кој стапи на сила на 15 февруари. Министерот за надворешни работи, Павло Климкин денеска соопшти дека Украина целосно го почитува договорот, но ги обвини „терористите од Доњецк и Луганск“ за артилериски напади, минофрлачки напади и за напади со проектили од ракетните системи „Град“. Украинскиот воен портпарол беше цитиран од Ројтерс како вели дека 5 лица се убиени, а 25 повредени откако прекинот на огнот стапи на сила. И двете страни во конфликтот рекоа дека ќе го повлечат тешкото оружје од линијата на фронтот. Повлекувањето на тенкови, артилерија, и ракети од линијата на фронтот во источниот дел на Украина беше планирано да се одржи за три недели, започнувајќи од 17 февруари по локално време на полноќ, како втора фаза на примирјето потпишано во Минск.

XS
SM
MD
LG