Достапни линкови

Египетската војска бомбардирала позиции на ИД во Либија


Египетската војска соопшти дека извела воздушни напади врз позиции на милитантите на Исламската држава во Либија откако беше обелоденето видео со обезглавување на 21 египетски христијанин. Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси изјави дека Египет има право соодветно да одговори на обезглавувањето египетски христијани, односни копти во Либија од страна на милитанти на Исламската држава. Претходно, џихадистите објавија на интернет видео на кое е прикажано брутално обезглавување на 21 припадник на коптите. Тие беа киднапирани во два напада, во декември и јануари додека биле на работа во Либија. Ал Азар џамијата во Каиро, водечка меѓу сунитските муслимани соопшти дека обезглавувањата немаат ништо заедничко со верските или човечките вредности. Во меѓувреме, Белата куќа оцени дека убиствата биле кукавички акт и покажале дека варварството на Исламската држава нема граници.

XS
SM
MD
LG