Достапни линкови

Студентски пленум: преговори со владата само на УКИМ


Пред денешниот состанок на работната група за високото образование што беше најавена од Министерството за образование од Студентскиот пленум инсистираат владини претставници да дојдат на Универзитетот. „Посочуваме дека од овој момент, натаму преговорите не треба да се водат во Министерството за образование или Владата. Дебатата за универзитетот мора да се одвива на универзитетот“, наведуваат од пленумот кој останува на ставот дека апсолутно е потребен целосно нов закон. Студентите веќе неколку дена имаат прогласено автономна студентска област во УКИМ и на Техничките факултети во Скопје.

XS
SM
MD
LG