Достапни линкови

Притвор за 17 турски полицајци обвинети за прислушување


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и свештеникот Фетула Ѓулен.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и свештеникот Фетула Ѓулен.

Турски суд им одреди мерка притвор на 17 полицајци под обвинение за незаконско прислушување на политичари, државни службеници и бизнисмени. Осомничените се дел од групата од 21 полицаец кои беа уапсени пред една недела во рамки на акцијата што ја иницираше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган против приврзаниците на неговиот политички ривал Фетулах Ѓулен, вработени во државните структури. Преостанатите четворица полицајци од групата се пуштени на слобода до почетокот на судењето, но им е забрането да ја напуштат Турција.

Сите 21 полицајци се осомничени дека биле дека од структура што наводно сакала да ја урне Владата. Тие се обвинети за прислушување, регистрирање лични податоци, непочитување на правото на личен живот и за формирање терористичка организација.

Турските власти ги обвинуваат приврзаниците на муслиманскиот проповедник Ѓулен во полицијата и судскиот систем дека формирале „паралелна држава“ со цел да ја урнат легитимно избраната Влада и дека за таа цел во декември 2013 година го „исценирале“ скандалот со корупција на владини министри и луѓе блиски до владејачката Партија на правдата и развојот (АКП).

Лани во декември турски Суд издаде налог за апсење на Ѓулен под обвинение дека раководел со криминална организација, а на почетокот на месецов властите го поништија неговиот пасош.

Ѓулен, кој живее во доброволен егзил во САД, ги отфрла ваквите обвинувања.

XS
SM
MD
LG