Достапни линкови

СДСМ со нови пет прислушувани разговори


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска објави пет телефонски разговори, кои како што рече се доказ за релацијата и спрегата помеѓу власта и правосудството. Разговорите се помеѓу министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска со поранешниот министер за правда Михајло Маневски, потоа директорот на тајната полиција Сашо Мијалков со вицепремиерот за рамковен договор Муса Џафери, па пак Јанкулоска со министерот за финансии Зоран Ставрески и со градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристевски и последниот разговор е со новинарот Латас и поранешната судијка Филимена Маневска.

XS
SM
MD
LG