Достапни линкови

Прекин на огнот и повремени бомбардирања во источна Украина


Илустрација.

Илустрација.

Прекинот на огнот во Украина што стапи на сила синоќа, ноќеска генерално се спроведува, иако има информации за инцидентни бомбардирања. Главна точка на загриженост е областа околу градот Дебалцеве каде што изминативе денови имаше жестоки борби. Командантот на проруските сепаратисти во областа за Ројтерс изјави дека неговата страна верува оти примирјето не важи за Дебалцеве, затоа што, како што вели, „тоа е наша територија“.

Портпаролот на украинската влада изјави дека владините сили 10 пати биле нападнати по прекинот на огнот, но дека бомбардирањата се локални и оти нема жртви. Портпаролот на украинската војска, пак, соопшти дека Киев ги подготвил областите за складирање на тешкото вооружување кое треба да биде повлечено од фронтот.

XS
SM
MD
LG