Достапни линкови

Осуденик за „Детонатор“ фатен при бегство за Бугарија


Кочанчанецот Ѓ.И.(41), осуден по акцијата „Детонатор“, е фатен при бегство за Бугарија, откако претходно побегнал од затворот во Струмица. Тој е фатен на бугарска територија во акција на македонскиот регионалниот центар за граничниот реон „Исток“ и Бугарската гранична полиција.

По бегството од затворот, осуденикот се криел во викендица во месноста Абланица, беровско, од каде со такси заминал до Ново Село, струмичко. Таму бил пречекан од бугарски државјанин, кој пеш го спровел до државната граница со Бугарија.

XS
SM
MD
LG