Достапни линкови

Затвор за лидер на Муслиманското братство во Јордан


Илустрација.

Илустрација.

Судот во Јордан осуди лидер на Муслиманското братство на 18 месеци затвор. Заменик претседателот на Муслиманското братство Заки Бани Рашид беше прогласен виновен за критикување на одлуката на Обединетите Арапски Емирати за забрана на организацијата. Со тоа, според судот во Аман, може да им се „наштети на односите меѓу Кралството Јордан и странска држава“. Тој беше уапсен во ноември минатата година, откако на Фејсбук напиша дека Обединетите Арапски Емирати, со забраната на околу 80 исламистички организации, меѓу кои и Муслиманското братство, им „служат на американските и израелските интереси во регионот“. Освен Муслиманското братство, ОАЕ ги забранија и Ал Каеда, Исламската држава и јеменската милиција Хаути.

Муслиманското братство е голема опозициска сила во Јордан со значителна поддршка од јавноста.

XS
SM
MD
LG