Достапни линкови

Уапсен поранешен соработник на Јанукович


Украинските власти го уапсија поранешниот гувернер на Луганската Област, Олександр Јефремов, кој е и поранешен шеф на пратеничката група на Партијата на регионите на поранешниот претседател Виктор Јанукович. Јавниот обвинител Виктор Шокин денеска во Киев соопшти дека Јефремов ќе биде обвинет за злоупотреба на службената должност. Тој рече дека Јефремов бил приведен вчера, но не кажа под кои околности.

Јефремов беше близок сојузник на поранешниот претседател Јанукович, кој избега во Русија во февруари минатата година откако беше соборен од власт. По соборувањето на Јанукович, Јефремов испрати соопштение во кое го обвинува него и неговите советници од претседателскиот кабинет за хаосот во земјата. Минатиот месец, украински пратеници побараа од обвинителството да ги испита наводите дека Јефремов им овозможува финансиска поддршка на проруските сепаратисти во источна Украина.

XS
SM
MD
LG