Достапни линкови

logo-print

Дванаесет загинати при уривањето на зграда во Индија


Илустрација.

Илустрација.

Дванаесет луѓе, меѓу кои две деца, загинаа при уривањето на една зграда во изградба во градот Мугалсарај во провинцијата Утар Прадеш на северот на Индија. Полицијата соопшти дека луѓето спиеле на приземјето, кога горниот кат се урнал врз нив. Двајца луѓе се повредени во несреќата и се однесени во болница, а тројца поминале без повреди. Засега не е позната причината за уривањето. Во Индија често се уриваат згради, кои поради големата побарувачка на станови и слабите безбедносни прописи често се градат неквалитетно.

XS
SM
MD
LG