Достапни линкови

logo-print

Празник на воените ветерани од странство во Русија


Илустрација.

Илустрација.

Русија денеска го прославува празникот во чест на војниците кои „ѝ служеле на Татковината во странство“. Празникот беше воведен во 2010 година и се прославува на 15 февруари, денот кога советските сили го завршија повлекувањето од Авганистан во 1989 година. Пратеникот и претседател на Унијата на руски ветерани од Авганистан, Франц Клинцевич, положи цвеќе пред споменикот во Москва и рече дека „повеќе од 15 илјади војници и офицери загинаа за идеалите на интернационализмот во Авганистан“. По повод празникот ќе се одржи и концерт во Кремљ.

XS
SM
MD
LG