Достапни линкови

Средба на лидерите на ерменската опозиција


Лидерот на втората по големина опозициска партија, Просперитетна Ерменија, Гагик Царукиан.

Лидерот на втората по големина опозициска партија, Просперитетна Ерменија, Гагик Царукиан.

Лидерите на трите најголеми опозициски партии во Ерменија денеска се среќаваат да разговараат за последните владини напади врз лидерот на втората по големина опозициска партија, Просперитетна Ерменија, Гагик Царукиан. Премиерот Ховик Абрахамиан претходно нареди истрага по наводите дека Царукиан должи големи суми пари за неплатен данок. Пред три дена, претседателот Серж Саркисјан рече дека Царукиан е „зло“ кое мора да биде исфрлено од политичкиот живот на земјата.

Опозициските лидери оценија дека владините потези се политички мотивирани и неуставни.

XS
SM
MD
LG