Достапни линкови

logo-print

СДСМ предлага автоматско вработување на долгогодишните хонорарци


Мила Царовска, Претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.

Мила Царовска, Претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.

СДСМ побара власта да го повлече законот за хонорарците. Претседателката на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, Мила Царовска, денеска ја повика власта „да не манипулира со законите што ги кратат хонорарите, со цел задоволување на дневно политички потреби и да го повлечат пакетот закони кои директно удираат по егзистенцијата на граѓаните.

„СДСМ предлага авторскиот договор, договор на дело или друг вид на договор склучен со невработени лица кои во континуитет се ангажирани повеќе од една година од страна на исто правно лице, да мора да бидат трансформирани во договори за редовен работен однос. За да не дојде до злоупотреба на оваа мерка, правното лице ако го прекине авторскиот договор / договорот за дело, да не може да склучи нов договор со друго лице за истата работна обврска. Ова е мерка со којашто ќе се намали можноста за долгогодишно хонорарно ангажирање на невработените, без да се обезбеди социјална сигурност“, рече Царовска.

XS
SM
MD
LG