Достапни линкови

Осуден капетанот на фериботот од несреќата во Хонг Конг


Капетанот на фериботот кој во 2012 година учествуваше во судирот во Хонг Конг е прогласен виновен за смртта на 39 луѓе, меѓу кои и осум деца. Судот во Хонг Конг го прогласи капетанот Лаи Саи-минг за виновен по сите 39 точки од обвинението за убиство во најголемата поморска катастрофа во Хонг Конг во последниците речиси четири децении. Тој е прогласен за виновен и за загрозување на безбедноста на другите на море. Неговиот адвокат соопшти дека казната ќе биде изречена задутре. Брзиот ферибот на Лаи на 1 октомври се судри со друг брод во близина на островот Лама. При судирот, 100 луѓе испаднаа од бродот, а други останаа заробени на него при потонувањето. Капетанот на другиот брод беше ослободен од обвиненијата за убиство, но беше осуден за загрозување на безбедноста на другите на море.

XS
SM
MD
LG