Достапни линкови

Продолжуваат борбите во источна Украина


Продолжуваат жестоките борби меѓу владините сили и проруските сепаратисти во источна Украина на само неколку часа пред договорениот почеток на прекин на огнот. Бунтовниците ги засилија нападите врз украинските сили со што се намалуваат надежите за мировниот договор потпишан завчера во Минск меѓу лидерите на Русија, Украина, Германија и Франција. Примирјето треба да стапи во сила вечерва во 22 часот. Градот Дебалцеве, кој е стратешки сообраќаен центар под контрола на владините сили, е под жестоки напади од бунтовцниците. Жестоки борби има и во други градови, меѓу кои и Мариупол. Киев и Вашингтон ја обвинуваат Русија дека им помага со оружје на бунтовниците да освојат што е можно повеќе територии пред прекинот на оган да стапи во сила.

XS
SM
MD
LG