Достапни линкови

МОН: Училиштата да почекаат насоки за пропуштените денови


Илустрација.

Илустрација.

Министерството за образование и наука соопшти дека сè уште не се одобрени плановите за одработување, односно надоместување на пропуштените наставни денови во дел од училиштата во земјата, каде што во изминатиот период имаше бојкот на наставата.

Тоа се однесува и на плановите кои ги изготвија и доставија училиштата од Општина Куманово, кадешто одлуката за одржување на настава во текот на денешниот ден е иницијатива исклучиво на локалната самоуправа и на директорите на училиштата на нејзина територија.

„Во таа насока, апелираме до директорите и училишните раководства да се воздржат од самоиницијативност и носење лични одлуки за одработување на пропуштените наставни денови, додека не добијат официјални насоки од Министерството за образование и наука“, се вели во соопштението.

XS
SM
MD
LG