Достапни линкови

Временска прогноза - сончево време со ниски утрински температури


Времето денеска ќе биде сончево, наутро со ниски температури, а преку денот со слаб југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус осум до минус еден, а дневната од пет до 12 степени.

Во Скопје слично време. Утринската температура ќе биде минус пет, а дневната ќе достигне 10 степени.

За време на викендот ќе се задржи сончево време со ниски утрински температури.

Во понеделник и вторник ќе има зголемување на облачноста, а во текот на ноќта кон вторник ќе има услови за провејување краткотраен снег. Од среда времето повторно ќе биде претежно сончево.

XS
SM
MD
LG