Достапни линкови

Точката на топење на тромавиот режим


Стефан Богоев, претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.
Стефан Богоев, претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.

Периодот кој е започнат и ќе трае, ќе биде тежок, мачен, напорен, а на моменти и згрозувачки! Но, како и да е, сепак, конечно после толку долго време се посилно и посилно се наѕира светлината на крајот на тунелот, пишува Стефан Богоев, претседател на СДММ во во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

„Јас не сум ослободител. Ослободители не постојат. Луѓето се ослободуваат самите себе." - Ернесто Че Гевара

И така, оваа колумна ја започнувам токму со една голема мисла од еден голем човек. Мисла која во наредниот период треба да биде ѕвезда водилка на сите граѓани на оваа наша, мила државичка. Периодот кој е започнат и ќе трае, ќе биде тежок, мачен, напорен, а на моменти и згрозувачки! Но, како и да е, сепак, конечно после толку долго време сè посилно и посилно се наѕира светлината на крајот на тунелот.

режимот знаел буквално сè,! Но, сега има трансфер на моќта од власта кај граѓаните. Режимот знае сè, а вие сега ќе дознаете сè, за режимот! Сума сумарум, граѓаните против власта, нерешен резултат. Се почнува од 0:0.

Оваа недела започна проектот за конечно ослободување на Македонија од прангите на неколкумина гавази и братучеди кои низ годините поклопија се во државата! Симболично е наречен „Вистината за Македонија“, народно попознат како „Бомбите“. Токму овој проект има за цел да ги отвори очите на граѓаните, да им покаже дека некој цело време знаел каде одат, што јадат, што договараат, што прават нивните деца, партнери, родители...режимот знаел буквално сè,! Но, сега има трансфер на моќта од власта кај граѓаните. Режимот знае сè, а вие сега ќе дознаете сè, за режимот! Сума сумарум, граѓаните против власта, нерешен резултат. Се почнува од 0:0.

Се надевам дека сите ќе се согласите, гледајќи ги искрените и креативни студенти, упорните и чесни хонорарци, вредните и борбени наставници и професори, дека расположението кај народот е насочено кон промени како никогаш до сега. Она што и здружената опозиција ќе го прави во наредниот период дополнително оди во иста насока со сево ова горенаведено. Сепак, сите ние граѓани на РМ треба да бидеме претпазливи, мудри и креативни. Наспроти нас имаме еден огромен, гломазен и моќен систем, систем инсталиран, граден и одржуван со години. Конечно, со се она што ќе излезе на виделина системот ќе почне да пука одвнатре, ќе почне да скапува, а задача на сите нас е да го забрзаме тој процес.

Ќе се потрудам преку пример да ви ја опишам ситуацијата во која се наоѓаме. Целиот систем на режимот е како огромен насилник, висок повеќе од два метри, тежок повеќе од сто килограми, со силни раце, но сепак поради својата тежина и висина тој е прилично бавен и тромав. На ваквиот насилник не може да му се спротивстави друг човек, кој е понизок, послаб и во тежина и во силина. Режимот таквиот противник безмилосно ќе го прегази, ќе му ги искрши сите коски и во најдобар случај ќе го испрати на интензивна нега. Ќе требаат години за да се опорави. Истото би се случило и со два слични противника. Огромниот насилник, во случајов режимот, од двата противника ќе направи еден и ќе ги снајде подеднакво лоша судбина. Но, веќе со три такви противника битката почнува да станува по рамноправна! Како расте бројот на противници, така тромавиот насилник има се поголем проблем да се справи, бидејќи добива удари од сите страни, а е бавен и не може насекаде да одговори.

Целиот систем на режимот е како огромен насилник, висок повеќе од два метри, тежок повеќе од сто килограми, со силни раце, но сепак поради својата тежина и висина тој е прилично бавен и тромав.

Да се вратиме во реалноста. Режимот неколкупати се покажа како слаб во справување на повеќе фронтови. За жал, до сега повеќе од два до три фронта истовремено режимот немал никогаш против себе. Денес... денес ситуацијата е друга. Опозицијата влегува фронтално против режимот, истовремено, суетно игнорирајќи ги студентите, хонорарците, професорите, наставниците, Груевски си отвори уште неколку други фронтови. Токму затоа драги другарки и другари, откако пресмета дека раководи со тромав систем, Груевски побрза да ги смири сите фронтови. Тој никогаш не учи на своите грешки, тој никогаш не попушта. Сето ова што го направи деновиве и со законот за високо образование, за наставниците, за хонорарците има една и единствена цел: Тромавиот насилник, повторно спроти себе да има само еден противник, СДСМ и опозицијата! Надевајќи се дека вака ќе се одржи, прашање на време е кога повторно ќе се сврти да се освети на сите оние на кои сега попушта!

Затоа другари, единствен начин за нешто суштински да се промени во системот и во државата, нешто навистина да тргне на подобро и да си ја вратиме слободата и демократијата, ние, граѓаните на Македонија, сите заедно мора да отвораме што повеќе фронтови. Фронтовите на студентите, професорите, хонорарците, наставниците, стечајците, тутунарите не смеат да згаснат! Тие не мора да бидат врзани за опозицијата, тие не ни треба да бидат врзани за никого. Едноставно, така уникатни и автентични како и досега, да опстојат за сите ние заедно да зададеме конечен нокаут на тромавиот насилник. Друг пат нема, друга шанса нема! Моментот е сега и зависи од сите нас! Ве убедувам и уверувам дека ова е единствениот пат до слободата! Ќе успееме, ќе победиме!

П.С. за крај, прочитајте го првиот цитат на почетокот уште еднаш.

XS
SM
MD
LG