Достапни линкови

logo-print

Во Турција протести против исламот во училиштата


Илјадници луѓе маршираа и стотици ученици и наставници ги бојкотираа училиштата во неколку турски градови во знак на протест против, како што велат, зголеменоти влијание на исламот во училиштата.

Локалните медиуми соопштија дека полицијата употребила водени топови да ги растераат демонстрантите во западниот град Измир, додека околу 10 лица беа уапсени во Истанбул за организирање на бојкот во училиште.

Критичарите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, го обвинуваат за градење на образование кое е фокусирано повеќе на исламот, во обидот да ја оствари својата цел да има повеќе побожни генерации.

Во Турција, во последните неколку години се зголеми бројот на верски училишта и паралелки. Демонстрантите бараа повеќе секуларна настава, базирана на наука. Некои ученици отидоа во музеи, наместо во училиштата во знак на протест портив зголемувањето на исламските часови.

XS
SM
MD
LG