Достапни линкови

logo-print

МОК го оценува Алмати за олимписките игри во 2022 година


Меѓународниот олимписки комитет (МОК) ја започна својата петдневна посета на Алмати за да ја оцени кандидатурата на казахстанскиот град за Зимските олимписки игри во 2022 година. Комисијата за евалуација со која претседава Русинот Александар Жуков, треба да почне со работа на 14 февруари и да ги посети предложените спортски сали и да оствари средба со владините лидери за да разговараат за нивните планови.

Најголемиот казахстански град, Алмати се натпреварува со Пекинг, кој МОК ќе го посети од 24 до 28 март. Градот се обидова да се издвои со понуда на вистински зимски услови, со многу вистински, а не вештачки снег. Алмати има проектирано буџет за организирање на игрите од речиси 2 милијарди долари и буџет за инфраструктура од речиси 1,6 милијарди долари.

XS
SM
MD
LG