Достапни линкови

logo-print

Ахмети - Лалакос: Што поскоро директни преговори за името


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска во седиштето на партијата во Тетово се сретнал со амбасадорот на Грција во Македонија Харис Лалакос, со кого разговарале за политичките случувања во двете земји и во регионот како и за евроатланската интеграција на Македонија и спорот околу името.

Како што соопшти ДУИ, Ахмети го повторил ставот дека неговата партија бара вклучување на Брисел во решавањето на последната афера со прислушувањето во Македонија со цел да се добие веродостојност на процесот.

Околу прашањето за името, како што се наведува, Ахмети ги изразил очекувањата дека новата влада во Атина ќе се вклучи директно во надминување на спорот.

- ДУИ поддржува директни преговори што е можно поскоро помеѓу Македонија и Грција со цел да се реши овој проблем кој би ни овозможил непосредно членство во НАТО и започнување на преговорите за членство во ЕУ. Ова е единствената опција за нашата земја која ќе ни обезбеди одржлив мир, стабилност и безбедност како и ќе овозможи економски развој во земјата заедно со добри меѓуетнички и соседски односи, стои во соопштението на ДУИ.

XS
SM
MD
LG