Достапни линкови

Пет жртви во напад на Боко Харам во Чад


Милитантите од групата Боко Харам од Нигерија убија најмалку пет луѓе, во нивниот прв познат смртоносен напад во Чад. Жителите и безбедносните служби велат дека околу 30 исламски милитанти на Боко Харам, рано утринава го нападнале селото Нгоба, на брегот на езерото Чад и запалиле неколку куќи.

Локален селанец рече дека милитантите дошле со кануа и убиле неколку луѓе, пред да бидат притиснати од армијата. Боко Харам во последниве недели ги интензивираа нападите на градовите во соседните земји Камерун и Нигер. Сунитските милитанти пет години се борат против владата во Нигерија. Во нивните напади во 2014 година, загинаа околу 10 илјади луѓе.

XS
SM
MD
LG