Достапни линкови

ОБСЕ е подготвена за мониторинг на руско-украинската граница


An OSCE car in the village of Sartana, Ukraine.

An OSCE car in the village of Sartana, Ukraine.

ОБСЕ соопшти дека нивните набљудувачи се подготвени да ја мониторираат руско-украинската граница, доколу добијат соодветен мандат и безбедносни гаранции.

Генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер денеска во Киев истакна дека специјалната мисија на ОБСЕ за мониторинг во Украина сега има мала единица, која има право да мониторира неколку конкретни делови од границата.

Тој, исто така рече дека договорот од Минск во моментов не предвидува мониторинг на границата. Во меѓувреме, рускиот претставник на ОБСЕ, Андреј Келин, за телевизијата „Русија 24“ изјави дека бројот на набљудувачите во зонатата на конфликтот во источна Украина, до 14 февруари ќе се зголеми од 230 на 350 луѓе.

XS
SM
MD
LG