Достапни линкови

Рускиот суд ќе одлучи за судбината на пилотката Савченко


Ukrainian army pilot Nadia Savchenko.

Ukrainian army pilot Nadia Savchenko.

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, вели дека не биле дадени ветувања на мировните преговори во Минск, за судбината на притворената украинска пилотка, Надја Савченко.

Дмитри Песков, соопшти дека за случајот на Савченко ќе одлучи рускиот суд. Тој рече дека украинскиот претседател, Петро Порошенко во Минск се распрашувал за ослободување на Савченко, која е во притвор во Русија повеќе од шест месеци за обвиненија за вмешаност во убиства на двајца руски новинари во Украина.

Пилотката девет недели штрајкува со глад. Порошенко по разговорите со лидерите во Минск соопшти дека Савченко ќе биде ослободена во блиска иднина. Песков изјави дека францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел исто така побарале Савченко да биде ослободена.

XS
SM
MD
LG