Достапни линкови

Киргистан спречува регрутирање борци за ИД


Kyrgyzstan southern Kara-Suu district.

Kyrgyzstan southern Kara-Suu district.

Киргистан соопшти дека откриле 30 случаи на обиди за регрутирање борци за Исламската држава. Претставникот на Министерството за внатрешни работи на Киргистан, Раим Салимов, денеска рече дека во последните 10 дена, 30 обиди за регрутирање борци се откриени во превентивни операции во Кара-Су, во областа Ош.

Влијателниот имам во големата џамија во јужниот град Кара-Су беше уапсен оваа недела, бидејќи упатувал повици за создавање калифат и барал од луѓето да одат во Сирија и да им се приклучат на исламските борци.

Салимов изјави дека властите организирале бројни средби со луѓе, како дел од кампањата за спречување на екстремистичките групи да рагрутираат борци во Киргистан. Властите велат дека најмалку 200 Киргистанци, вклучително 30 жени се приклучиле на групата на Исламската држава во Сирија.

XS
SM
MD
LG