Достапни линкови

Украина добива две милијарди долари помош од Светска банка


World Bank President Jim Yong Kim.

World Bank President Jim Yong Kim.

Светската банка денеска објави дека ќе и обезбеди на Украина две милијарди долари финансиска поддркша за 2015 година, која ќе биде фокусирана за помош за сиромашните, поддршка на реформите и борбата против корупцијата. Светската банка соопшти дека финансирањето ќе биде дел од паќетот на меѓународната заедница.

„Од витално значење е тоа што Украина брзо презема сеопфатни реформи“, се вели во соопштението на претседателот на Светската банка, Џим Јонг Ким. Вчера, шефот на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард објави нов четиригодишен прелиминарен договор за новата финансиска помош за Украина, во вредност од 17,5 милијарди долари.

Лагард рече дека Украина во целина ќе добие 40 милијарди долари помош во текот на следните четири години, вклучувајќи и други извори како Светската банка. Украинската валута, Хривнија, минатата година загуби 50 отсто од својата вредност и економијата се намали за 7,5 отсто.

XS
SM
MD
LG