Достапни линкови

Аферата со прислушувањето мора да биде расчистена


Илустрација.

Илустрација.

Институциите треба брзо и ефикасно да реагираат и да ја расчистат аферата „Прислушување“, за да се намали просторот за сомнежи.

Прислушувањата се грубо прекршување на човековите права и слободи, бидејќи пред сè е нарушено правото на приватност и семеен живот на граѓаните, вели Народниот правобранител Иџет Мемети во интервју за Радио Слободна Европа, кое ќе биде емитувано в недела. Според него, само во исклучителни ситуации може да се следи одреден граѓанин, според стриктно пропишани правни процедури, затоа што е особено важно кога, како и зошто ќе се собираат тие податоци.

Институциите треба брзо и ефикасно да реагираат. Сè друго остава простор за секакви сомнежи, за недоверба во институциите итн.

„Институциите треба брзо и ефикасно да реагираат. Сè друго остава простор за секакви сомнежи, за недоверба во институциите итн.“, вели Мемети.

Универзитетскиот професор Темелко Ристевски вели дека се работи за многу тешка појава, која може да доведе до последици по луѓето кои се прислушувани.

Надлежните институции, мислам пред сè на Јавното обвинителството, треба сериозно да ја сфатат работата и да поведат кривична постапка и да ја окончаат на законит начин.

„Токму поради тоа и огромниот број на прислушувани луѓе, граѓани на Македонија, надлежните институции, мислам пред сè на Јавното обвинителството, треба сериозно да ја сфатат работата и да поведат кривична постапка и да ја окончаат на законит начин. Само во таква постапка ќе се утврди вистината, а утврдувањето на вистината е во интерес на сите граѓани на Република Македонија“, вели Ристовски.

На прашањето дали очекува јавното обвинителство да реагира по наводите, Мемети вели дека треба многу повеќе од тоа да се направи за да се расчисти до крај случајот.

„Ова е пресериозна работа, јас не верувам дека нема капацитети, туку толку и политички е преплетена состојбата по однос на оваа појава, што, ако сите сериозно не го сфатат овој проблем и оваа појава, тешко дека може до крај да се расчисти. Затоа јас повикувам и на разум од сите страни, а и на професионалност на институциите“, вели Мемети.

Ристевски очекува јавното обвинителство сериозно да го сфати случајот без да се релативизира и да се види што навистина е направено и кој е виновен. Според него, во едно демократско општество не смее такво нешто да се случува и власта не треба да ја злоупотреба својата позиција, туку да им служи на граѓаните, а прислушувањето е против нивните интереси.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG