Достапни линкови

Хонорарците на протест


Хонорарците кои се против новите Законски измени за плаќање придонеси денеска ќе излезат на протест. Протестот е закажан за во 14 часот, а се предвидува да започне пред Собранието, да продолжи кон Министерство за труд и социјална политика и Владата, а да заврши на слободната студентска зона во УКИМ. Тие бараат целосно да се повлечат законските измени со кои се воведува плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување за хонорарите. Собранието ги донесе трансформациите за новите Законски измени за редовно вработување на волонтери, на оние кои во некоја државна институција досега работеле со договори на дело или авторски договор.

XS
SM
MD
LG