Достапни линкови

ЕУ претпазлива за новиот мировен договор за Украина


Лидерите на Европската унија изразија претпазливост во врска со новиот мировен договор за источна Украина. На состанокот во Брисел тие предупредија дека, пред да разгледаат ублажување на санкциите против Москва, мора да видат докази оти примирјето се почитува. „Нашата верба во добрата волја на Путин е ограничена. Затоа треба да ја задржиме нашата одлука за санкциите“, изјави претседателот на Европската унија Доналд Туск. На состанокот лидерите се согласија да ги прошират потезите за подобра заштита на нивните земји од тероризмот. Меѓу другото тоа значи размена на податоци за патници, поцврсти гранични контроли и отстранување на содржини на интернет кои промовираат тероризам и екстремизам.

XS
SM
MD
LG