Достапни линкови

Продолжува студентската „окупација“ на факултетите


Студентите кои и во текот на изминатата ноќ кампуваат на факултетите во УКИМ и Техничките факултети во Скопје каде што имаат прогласено автономни зони се решени да останат таму се додека не бидат исполнети нивните барања, целосно укинување на законот за високо образование. Во меѓувреме Студентскиот парламент при УКИМ соопшти дека нема да ја поддржи окупацијата на Универзитетот. Од таму повикуваат на воздржаност и разумност и уверуваат дека сакаат борбата да ја водат на институционален начин.

XS
SM
MD
LG