Достапни линкови

Пакистан уапси учесници во нападот на училиштето во Пешавар


Пакистан соопшти дека 12 локални талибански милитанти биле уапсени во врска со смртоносниот напад на училиштето од минатата година. Портпаролот на армијата, Асим Салем Бајва денеска рече дека шест од осомничените се уапсени во Авганистан, а уште шест во Пакистан. Двете разузнавачки служби работеле заедно и ние многу сме му благодарни на Авганистан, рече Бајва.

Еден од уапсените бил имамаот на џамијата во северозападниот пакистански град Пешавар, Малви Абдус Салам. Бајва рече дека уште евет припадници, од како што се верува 27 члената терористичка келија, се убиени. Талибанските милитанти на 16 декември убија 151 луѓе во масакрот во училиштето во Пешавар.

XS
SM
MD
LG