Достапни линкови

Бан Ки-мун: Јемен пропаѓа пред нашите очи


United Nations Secretary-General Ban Ki-moon.

United Nations Secretary-General Ban Ki-moon.

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки-мун апелираше до Советот за безбедност да преземе акција и да го запре Јемен да премине во анархија. Бан Ки-мун, денеска рече пред Советот дека Јемен „пропаѓа пред нашите очи.“

Мораме да сториме се што е возможно да му помогнеме на Јемен да се повлече од работ и да добие политички политички процес кој ќе го врати на вистинскиот пат, рече Бан Ки-мун.

Бунтовниците од племето на шиитските Хути ја зазедоа Сана во септември и го заробија претседателскиот кабинет минатиот месец. Претседателот Абд Рабу Мансур Хади и неговата влада подоцна поднесе оставка.

На 6 февруари бунтовниците го распуштија Парламентот и формираа привремено собрание и влада со лидерот на Хутите, Абдул Малик ал Хути.

Хаосот ги принуди САД, Велика Британија и Франција да ги затворат своите амбасади во Јемен.

XS
SM
MD
LG