Достапни линкови

logo-print

Силите на Иран: Се ближи крајот на Исламската држава


Qassim Suleimani , the head of the Islamic Revolutionary Guard's Quds Force.

Qassim Suleimani , the head of the Islamic Revolutionary Guard's Quds Force.

Шефот на моќната иранска револуционерна гарда „Кудс“, е цитиран како вели дека се ближи пропаѓањето на групата на Исламската држава.

Генерал Касем Сулејмани беше цитиран од новинскаат агенција „Фарс“, како вели дека „со оглед на големите загуби што ги претрпеа милитантите на Исламската држава и другите терористички групи во Ирак и Сирија, сигурни сме дека на овие групи им се ближи крајот“.

Сулејмани, кој наводно бил во близината на фронтот против милитантите на ИД, често се појавиува на слики на социјалните мрежи во битки со провладините сили во Ирак.

Иран ја поддржуваа шиитската влада во Багдад и е клучен сојузник на режимот во Дамаск. Сепак, Иран не е дел од колацијата против Исламсктата држава во Сирија и Ирак предводена од САД.

XS
SM
MD
LG