Достапни линкови

Парламентот на Молдавија ја одби предложената влада


Парламентот на Молдавија гласаше против владата предложена од страна на проевропскиот премиерот Јуриј Леанца, два месеци откако беа одржани парламентарните избори.

Владата на Леанца денеска доби 42 гласови од малцинската коалиција на Либералнодемократската партија и Демократската партија, а за одобрување беа потребни 51 гласови.

Неговиот предлог за новата влада не успеа да ја добие поддршката од комунистите и неговите поранешни сојузници, Либералната партија, која беше отфрелна од преговорите за коалиција на крајот на јануари.

Леанца рече дека гласањето ги покренува прашањата за функционалноста на економскиот и политички договор што Молдавија во јуни го потпиша со Европската унија.

Леанца беше назначен за Премиер на Молдавија во 2013 година, откако претходно во 2009 година беше министер за надворешни работи.

XS
SM
MD
LG