Достапни линкови

Тепачка во украинскиот парламент


Тепачка меѓу двајца членови на украинскиот парламент доведе до нарушување на парламентарната седница и повици за почитување на Етичкиот кодекс на пратениците. Тепачката настана меѓу Јехор Соболјев и Вадим Ивченко, по несогласувањата за предлог законот за сопственост на земјиште. Припадниците на обезбедувањето биле принудени да ја запрат тепачката, во која носот на Ивченко бил раскрварен, а Собојлев завршил со крв на устата. Спикерот на Собранието прогласи 15 минути пауза на седницата.

XS
SM
MD
LG