Достапни линкови

Проблемот е што нема брза и ефикасна процедура и многу често на докторската фела и се врзани рацете заради таквите глупави административни процедури, вели доктор Владимир Борозанов.

Случајот со деветгодишната Тамара, која почина чекајќи операција во странство, го отвара прашањето колку таквите случаи ја потврдуваат нефункционалноста на здравствениот систем.

Проблемот е што нема брза и ефикасна процедура и многу често на докторската фела и се врзани рацете заради таквите глупави административни процедури.

Не е прв пат родителите кои немаат друг излез да бараат помош од граѓаните за собирање пари за операција на нивните деца. На интернет во моментов може да се најдат десетици повици на кои се бараат на пример 28 илјади евра за операција на рбетен столб, 120 илјади евра за операција на карцином на коски, 13.800 евра за операција на срце, 28 илјади евра за трансплантација на матични клетки.

Поранешниот претседател на лекарската комора Владимир Борозанов вели дека законските процедури се премногу административни во таквите случаи.

За мене клучно прашање е како да направиме фер пристап и нормално сите бирократски процедури да бидат лимитирани на минимум во случај кога навистина е потреба ургентна нега или ургентна интервенција за одредено лица.

„Проблемот е што нема брза и ефикасна процедура и многу често на докторската фела и се врзани рацете заради таквите глупави административни процедури и секако дека државата која по устав е социјална треба секогаш да обезбеди соодветна здравствена нега каде било во границите на медицинските можности.“

Поранешниот заменик министер за здравство и основач на Хелтгрупер Владимир Лазаревик вели дека тоа е проблем кој се провлекува со години, бидејќи во Македонија нема воспоставено јасен принцип на правична дистрибуција на парите коишто се наменети за здравството и за здравјето на граѓаните.

„За мене клучно прашање е како да направиме фер пристап и нормално сите бирократски процедури да бидат лимитирани на минимум во случај кога навистина е потреба ургентна нега или ургентна интервенција за одредено лица, коешто може да е дете, меѓутоа може да биде и возрасен човек, и колку нашата држава е спремна да плати за да на еден човек или дете му го продолжи животот, тоа кај нас не е направено.“

Борозанов додава дека се потребни хуманитарни фондации кои ќе работат на такви случаи по теркот на западните земји.

„На Запад има хуманитарни фондации кои работат исклучиво за вакви случаи, тие ги прават комуникациите со другите институции, се распрашуваат за успешноста или неуспешноста, ги контролираат и парите и оние пари што ќе останат ги пренасочуваат за некој друг.“

Според Лазаревик во земјава се прави правнички пристап во одлуката кој да се лекува во странство и одлуката се носи врз основа на комисии за тоа дали лекувањето дома не може да се реализира и дали ќе биде успешно во странство.

Тој додава дека не се зема в предвид цената на тоа лекување и заради тоа се јавуваат проблеми, коишто сега засега не се гледа начин како ќе се надминат.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG