Достапни линкови

Украина доби 17,5 милијарди долари помош од ММФ


Премиерот на Украина, Арсениј Јатсенук вели дека претстојниот пакет за помош објавен денеска од страна на Меѓународниот монетарен фонд, претставува тешки реформи за борба против корупцијата, реформирање на енергетскиот сектор, намалување на државните расходи и намалување на државната бирократија.

Неговата изјава доаѓа откако шефот на ММФ, Кристин Лагард објави дека ММФ и Украина постигнале прелиминарен договор за план за финансиско спасување, вредно 17,5 милијарди долари, што се дел од финансискиот пакет за земјата од вкупно 40 милијарди долари, во замена за храбри политички реформи. Лагард рече дека тоа е амбициозна и тешка програма и дека тоа не е без ризик.

Но, исто така тоа е реална програма и нејзината имплементација може да претставува пресвртница за Украина, изјави Лагард. Договорот се уште треба да биде од страна на одборот на директори на ММФ. Киев е под притисок на Западот да се бори против корупцијата и да ги реформира финансиите дури и ако се бори против проруските сепаратисти во источниот дел на земјата.

XS
SM
MD
LG