Достапни линкови

Репортери без граници: Македонија на 117 место по слобода на медиумите


Во денеска објавениот годишен извештај на Репортери без граници, Македонија, по слободата на медиумите, се најде на 117 место од 180 земји во светот. Во минатата година Македонија беше на 123 место, што според најновиот Индекс на слободата на медиумите, е за 6 места подобро. Во образложението се наведува дека ситуацијата со македонските медиуми во минатата година продолжила да биде лоша. Годината била обележана и со злоупотреба на законодавството за клевета, како и со политички мотивирана распределба на државните рекламирања. Новинарот Томислав Кежаровски во 2014 се уште бил во домашен притвор откако во октомври 2013 година е осуден на четири ипол години затвор за откривање идентитет на заштитен сведок. Неговата казна во јануари годинава му е намалена на две години затвор. Новинарите, како што се наведува имале проблеми при известувањето од настаните . Во јуни полицијата принудила неколкумина новинари да ги избришат фотографиите и видеата од протестот што го следеле.

XS
SM
MD
LG