Достапни линкови

logo-print

Вооружен американец убил тројца млади муслимани


Вооружен американец кој поставувал антиверски пораки на Фејсбук е обвинет за убиство на тројца млади муслимани во, како што наведе полицијата, кавга за паркинг место, но не се исклучува и можноста од злосторство од омраза. Трагичниот инцидент се случил во Чапел Хил во близина на кампусот на Универзитетот на Северна Каролина. 46 годишниот убиец е задржан во притвор и тој досега немал криминално досие.

XS
SM
MD
LG