Достапни линкови

Обама бара овластување за употреба на сила против ИД


Американскиот претседател Барак Обама бара од Конгресот овластување за употреба на сила против милитантите на Исламската држава. Овластувањето нема географски ограничувања и ќе важи три години, доколку не биде потребно тоа да продолжи. „Со резолуцијата не се бара разместување американски копнени сили во Ирак или Сирија: Тоа не овластување за уште една копнена војна како во Авганистан или Ирак“, изјави претседателот Обама. Со ова овластување ќе се укине претходното од 2002 година што беше одобрено пред војната во Ирак.

XS
SM
MD
LG