Достапни линкови

Новиот амбасадор на САД во Скопје


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, денеска ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија Џес Бејли. Тој пред една недела во видео порака до македонската јавност изјави дека има намера да ги зајакне односите меѓу двете земји и да и помогне на Македонија да го реализира својот потенцијал како динамична, мултиетничка и просперитетна демократија, целосно интегрирана во евроатланската заедница. Новиот американски амбасадор доаѓа на местото на амбасадорот Пол Волерс, кој во Македонија беше од 2011 година.

XS
SM
MD
LG