Достапни линкови

Студентите ја продолжуваат „окупацијата“ на УКИМ


Студентите во текот на ноќта ја продолжија таканаречената окупација на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје во знак на револт од владините реформи во високото образование и измените со кои овој Закон се става во едногодишно мирување. Законот за одложување вчера беше донесен во парламентот. Студентскиот пленум бара да се потпише спогодба меѓу Интеруниверзитетската конференција и Министерството за образование и наука која ќе опфаќа: загарантирано учество на Студентскиот пленум во изработката на целиот закон со цел тој да ги рефлектира студентските ставови и перспективи. Студентите велат дека окупацијата нема да престане се дури надлежните не ги исполнат нивните барања. Најавено е денеска окупацијата да се прошири и на Техничките факултети, а проширување на активностите најавија и битолските студенти.

XS
SM
MD
LG