Достапни линкови

Заев - Средував работна виза за Верушевски


Лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција во Скопје.

Лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција во Скопје.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев ја потврди денеска автентичноста на писмото до првоосмоничениот во случајот „Пуч“, Зоран Верушевски. Тој во вечерашното интервју на телевизијата 24 вести нагласи дека од Верушевски само побарал насоки за прислушуваните материјали, бидејќи тој бил искусен во областа. Заев исто така нагласи дека преку сестрински партии на СДСМ се обидел да обезбеди работна виза за Верушевски со цел да го заштити од евентуалните последици.

Заев порача и дека нема доверба во обвинителството и дека се согласува со предлогот на ДУИ и ДПА за странска екпертиза на целиот случај со прислушувањето.

XS
SM
MD
LG