Достапни линкови

Русинот обвинет за шпионажа во САД се изјасни за невин


Рускиот државјанин кој беше обвинет дека бил дел од шпионски круг, додека работел како банкар во Њу Јорк, денеска се изјасни дека е невин. 39 годишниот Евгениј Бурјаков наводно се претставувал како вработен на Менхетен во руската државна банка „Внешекономбанк“. Обвинителите велат дека во исто време работел за руската разузнавачка служба СВР.

Тој беше обвинет на 9 февруари за заговор и дека бил нерегистриран агент на Русија. Тој беше уапсен ан 26 јануари, во ист ден кога министерството за правда на САД објави обвиненија против двајца други руски државјани. Двајцата биле заштитени со дипломатско покритие и според владата не се веќе во САД.

XS
SM
MD
LG