Достапни линкови

Ахмети бара меѓународни експерти за решавање на аферата со прислушувањето


Потребно е меѓународната заедница да формира група на експертско и политичко ниво за да се зголеми кредибилноста на целиот процес и вистината и правдата да излезат на виделина, изјави во врска со кривичната пријава на СДСМ за прислушувањето претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска во партиското седиште во Мала Речица по средбата со шефот на канцеларијата на ЕУ во Македонија амбасадорот Аиво Орав и специјалниот пратеник од Министерството за надоврешни работи на Германија Ернст Рајхел.

Сегашната состојба, според Ахмети, бара рационално и зрело однесување да покажат сите политички субјекти во земјата за да не се дефокусира нашата агенда за членство во ЕУ и НАТО со унапредување на меѓуетничките односи, економскиот развој на земјата и унапредување на односите со соседните земји.
Политичките сили заедно со експертите од меѓународната заедница и нашите политички фактори треба заедно да ја менаџираат оваа состојба, додаде Ахмети.
Одговарајќи на прашање дали во ДУИ има разочарување по информациите дека биле прислушувани, Ахмети рече дека ДУИ работи и делува надвор од дневните емоции и со ладна глава ги анализира сите состојби така што ниедно дејство нема да биде во спротивност со интересите на граѓаните и нема да биде предизвикано од емоции туку со разумност и ладнокрвност.

Во ДУИ нема вознемиреност околу ова и се што има за ДУИ, медиумите може слободно да објавуваат, изјави Ахмети.

Евроамбасадорот Орав по средбата со Ахмети во седиштето на ДУИ во Мала Речица не даде изјава за медиумите. Орав потоа се сретна и со лидерот на ДПА Мендух Тачи во партиското седиште во Тетово, а по оваа средба немаше изјави за медиумите од двајцата.

XS
SM
MD
LG